Водостојот на Охридското Езеро три сантиметри под дозволениот минимум, драматична состојба со Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро во понеделникот е три сантиметри под дозволениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, а нивото на Преспанското Езеро, пак, за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

За разлика од езерата, кај реките денеска ситуацијата е поразлична. Кај поголем дел од реките водостоите се повисоки во однос на вчера и на минатиот понеделник.

Исклучок е само реката Пчиња кај која нивото денеска е за два сантиметри пониско во споредба со вчерашиот ден

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.