Водостојот на повеќето реки се зголемува

Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за ноември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Евидентирано е двојно зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Намалување под просекот имаат Црна Река кај Новаци, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и во Охридското Езеро е во рамки на просекот за ноември.