Водостоите на реките во опаѓање

Водостојот на реката Вардар кај Јегуновце и во Скопје кај Зајчев рид, на Крива Река кај Крива Паланка и на Сатеска кај Ботун е двојно понизок од просекот за јануари, а шест пати пониско е и нивото на водата во Треска кај Македонски Брод.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, поголемо ниво од вообичаеното имаат реките Пчиња кај Катлановска бања и Црни Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.