ВИДЕО: Воен авион потопен во Јордан за да привлече туристи

Транспортен авион од типот „Херкулес“, кој им припаѓал на јорданските воено-водзушни сили, бил потопен вчера во заливот Акаба, кој е до Суецкиот канал во Црвеното море, а со цел да се создадат нови корални гребени кои би привлекле голем број на нуркачи и туристи од целиот свет.

Пред да биде спуштено на дното во морето, од военото летало биле отстранети сите резервоари за гориво и други загадувачки делови, кои би можеле да и’ наштетат и да ја загадат водата. Церемонијата на потопувањето била јавна и присуствувале стотици луѓе, кои гледале како гигантскиот авион го снемува во водата.

Очекувањата на јорданските власти од овој потег се дека ќе привлече огромен број на туристи од целиот свет.