Воена делегација на Србија на Сардинија следеше боево гаѓање со „Мистрал 3“

Делегација на српското министерство за одбрана и на војската присуствувала на боево гаѓање на Сардинија со противвоздушниот систем „Мистрал 3“, чиешто купување Србија претходно годинава го договори со Франција, соопшти во саботата министерството.

Припадниците на Војската на Србија се увериле во квалитетот на „Мистрал 3“ и можноста а неговор интегрирање во системот ПАСАРС, изјaвил помошникот на министерот за одбрана за материјални ресурси, Ненад Милорадовиќ, по гаѓањето на полигонот на италијанската војска на Сардинија.

Купувањето на системот „Мистрал 3“ беше договорена во текот на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во јули на Србија, кога беа потпишани повеќе договори во областа на вооружувањето и воената опрема.

Ракетите „Мистрал“ спаѓаат во ткни трупна, односно блиска противвоздушна одбрана од авиони, хеликоптери и беспилотни летала на помали височини и куси растојанија. Максималниот дострел на овие лесно преносни портабл системи е три километра во височина и шест километри на далечина.

„Мистрал 3 е последната генерација на преносни ракетни системи со кус дострел, а во однос на сличните сситеми од другите производители го издвојуваат низа напредни карактеристики“, се наведува во соопштението на српското министерество и се додава дека на Србија системот ќе ѝ биде испорачан во две варијанти. Во првата варијанта ќе се кориси како „лесен преносен противвоздушен систем“, додека во другата варијанта „ќе биде интегриран во артилериско-ракетниот систем ПАСАРС-16 со висико ниво на балистичка заштите и мобилност“.

Србија во последниот период го привлече големото влијание на американската администрација поради купувњето на рускиот систем „Панцир М“, а во посета на Белград во петокот пристигна функционерот на Стејт департментот, Томас Зарзецки, кој ја води работната група задолжена за примена на санкците против рускиот одбранбен сектор, компаниите и државите кои имаат војна соработка со Русија.

Зарецки не даде никаква изјава за јавноста по низата состаноци во Белград, а шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кусо за новинарите по средбата со американскиот функционер реле дека „разговорот бил коректен и добар“, како и дека „нема да има санкции“. Според Дачиќ, Зарзецки „бил задоволен“ со она што го слушнат во разгворите, бидејќи Србија „нема што да крие“.

Специјалниот американски пратеник за западен Балкан, Метју Палмер, истакан во текот на неодамнешната негова посета на регионот, изрази загриженост поради можноста Србија да набавува руско оружје.

Американската дипломатија реагираше на разместувањето на ракетните одбранбени системи „С-400“ и „Панцир-М“ пред две седмици во Србија, кога овие најсовременио системи за противвоздушна одбрана беа донесени во рамките на воената вежба „Славјански штит 2019“. Тоа беше првпат овие системи да бидат испратени во странство на учество во воени маневри, објави тогаш руското министерство за одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.