Воените делегации на Турција и Грција ќе ја смируваат топката

Состанокот меѓу воените делегации на Турција и Грција ќе се одржи на 10 септември, четврток, во Командата на НАТО, пренесува „Анадолија“.

Според информациите добиени од извори од турското Министерство за одбрана, по разговорите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испланирана е средба меѓу воените делегации на Турција и Грција во Командата на НАТО.

Состанокот што беше планиран да се одржи вчера меѓу воените делегации на Турција и Грција во Командата на НАТО, е одложен за 10 септември од страна на претседателот на Воениот комитет на НАТО.