Војната во Сирија досега однела 126.000 жртви

Војната во Сирија предизвикала смртта на речиси 126.000 лица од март 2011 година, соопшти Сирискиот центар за човекови права, цитиран од „Франс прес“. Невладината организација црпи податоци од мрежа од активисти, адвокати и лекари во Сирија. Таа има регистрирано 125.835 смртни случаи во период од 15 март 2011 до први декември 2013 година.

Повеќето загинати се борци од двете страни на конфликтот, но провладините сили изгубиле двојно повеќе луѓе од бунтовниците. Над една третина, 35 отсто од загинатите се цивили, 44.381 лица, меѓу кои 6,627 деца и 4,454 жени. Убиени се и 27.746 бунтовници, од кои 19.000 се цивили, приклучените во вооружената борба против режимот.

Најмалку 2.221 лица дезертирани војници, а 6.261 лица се странци, кои војувале на страната на бунтовниците. Силите на режимот изгубиле 50.927 лица, од кои 31.174 војници од редовната армија и 19.256 луѓе од провладини милиции. Убиени се и 232 борци на либанското шиитско движење Хезболах и 265 други шиитски милитанти, кои војувале на страната на Владата. Постојат и 2.772 неиндентифицирани жртви.

Непозната е судбината на илјадници луѓе, вклучувајќи над 10.000 приведени во затвори на режимот и над 3.000 војници заробени од бунтовниците, посочува БТА. Постојат и податоци за стотици киднапирани цивили. Најмалку еден милион Сиријци редовно страдаат од недостиг на храна, бидејќи борбите и воените контролни пунктови го попречуваат снабдувањето на помош со храна, предупреди Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Одделението за управување со катастрофи и кризи на организацијата истакна дека овие податоци се резултат на внимателна проценка. Од федерацијата изјавиле дека потребата од финансиска помош за сириската криза се зголемија двојно и сегасе потребни 86 милиони евра во споредба со 43 милиони евра што биле потребни претходно. Сега во Сирија речиси една третина од населението од пред конфликтот или седум милиони лица зависат од хуманитарна помош за опстанок, забележува „Франс прес“.

Помош се обезбедува главно од сириската Црвена полумесечина, која сепак има редовен пристап само до 85 отсто од територијата на земјата. Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина се загрижува од наближувањето на зимата, кога уште повеќе луѓе ќе имаат потреба од помош, а нејзината испорака ќе е уште повеќе попречена во некои региони на Сирија. Покрај тоа самите хуманитарни работници исто така се жртва на насилството, од почетокот на конфликтот 32 вработени на сириската Црвена полумесечина биле убиени при реализирање на своите обврски.