Волфсбург и Баер без голови, Лајпциг подобар од Мајнц

Во последниот натпревар од првото коло на германското фудбалско првенство Волфсбург и Баер Леверкузен ги поделија бодовите одигрувајќи без погодоци.

Тоа беше скромен меч во кој не беа создадени премногу шанси за погодок. Домашните упатија само еден удар во рамките на противничкиот гол, додека Баер имаше два удара во рамките на голот на домашните. Најдобрата шанса ја имаше Волфсбург во 34 минута, но Џон Брукс шутираше за малки над голот на „Аптекарите“.

Во првиот неделен меч РБ Лајпциг го отвори првенството со победата од 3:1 над Мајнц. Домашните поведоа во 17 минута со голот на Емил Форсберг од пенал а по четири минути на 2:0 зголеми Јусуф Полсен. Во 48 минута намали Жан-Филип Матета, но сите дилеми околу победникот ги отстрани Амади Хајдар во 51 минута.

Во саботата Ајнтрахт во Франкфурт ремизираше со 1:1 со Арминија, Унион Берлин загуби дома од Аугсбург со 1:3, а гостинска победи забележаа и Хафенхајм над Келн со 3:2, Херта кај Вердер со 4:1 и Фрајбург кај Штутгарт со 3:2.

Во дербити на двете Борусии, домашнаиот тим во Дорминд славеше над тимот од Менхенгладбах со 3:0.

Во петокот минхенски Баерн одбрната на титулата ја започна со демолирањето од 8:0 на екипата на Шалке 04.