Волфсбург ја изненади Борусија М

Во 23-то коло од германското фудбалско првенство, Волфсбург во саботата на гости ја изненади Борусија Менхенгладбах совладувајќи ја со 3:0, со што привремено се проби на петтото место.

Гостите поведоа во 38 минута со погодокот на Јаник Герхард, а во второто полувреме во игра во 64 минута беше внесен Адмир Мехмеди кој беше двоен стрелец, во 68 и 83 минута.

Со оваа победа Волфсбург собра 38 бодови два бода повеќе од шестиот Баер Леверкузен кој има натпревар помалку. Борусија Менхенгалдбах остана на третото место со 43 бодови, но може да биде симната од четвртиот РБ Лајпциг кој има два бодат и меч помалку.

Минхенски Баерн на својата „Алијанц Арена“ со 1:0 ја победи Херта. Погодокот во 62 минута по корнерот изведен од Хамес Родригре со глава го постигна Хави Мартинез. Баерн сега бодовно се израмни со водечката Борусија Дортмунд, со по 51 бод, која во недела ќе игра со Баер Леверкузен.

Шалке 04 и во ова коло не успеа да излезе од играчката и резултатска криза, во последните пет кола од можните 15 освои само два бода. Ново разочарување доживеа во средбата кај Мајнц од кого беше поразен со 0:3. Стрелци за домашните беа Карим Онисива во 19 и во 85 минута, и Жан-Филип Матера во 74 минута.

Шалке веќе се спушто на 14-то место со 23 бодови, седум од местото (16-то) кое води во квалификациите за опстанок, а го држи Штитгарт со 16 бодови кој во петокот на гостувањето кај Вердер освои бод (1:1). Мајнц, пак, се искачи на 11-то место со 30 бодови.

Фрајбург со 5:1 на домашен терен го потопи Аугсбург. Стрелци за домашните беа Нилс Петерсен во 10 и 44, Виченцо Григо во 31, Лука Валдшмидт во 65 и Флориан Нидерлехнер во 86 минута, додека почесниот погодок за гостете го постигна Рани Кедира во 53 минута. Фрајбург сега е на 12-то место со 27 бодови, два повеќе од 13-та Фортуна од Диселдорф која подоцна во саботата о игра својот меч со Нирнберг. Аугсбург, пак, е 15-ти со 18 бодови, четири односно пет повеќе од двете последни места кои водат во втората лига, а ги држат Хановер и Нирнберг кои имаа меч помалку.