Волкот може веднаш да заборави на Мундијалот во Бразил

Предводникот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, потврди дека Тео Волкот успешно е опериран, дека хируршкиот зафат врз неговото повредено колено траел неколку часа, но и дека крилниот напаѓач со 100% сигурност нема да настапи на престојниот Мундијал во Бразил.

“Се помина во најдобар ред. Имаше сериозни оштетувања во неговото колено. Сега го започнува процесот на рехабилитација и истиот ќе биде многу долг. Да не се надеваме дека Тео ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Со 100% сигурност можам да потврдам дека нема да игра за репрезентацијата на Англија, тоа е нешто невозможно. Сепак, Тео ќе има успешна и богата иднина. Ќе биде максимално подготвен за следната сезона”, изјави трофејниот француски стручњак.