Волмарт и Мајкрософт заедно ќе го напаѓаат Амазон

Малопродажниот гигант Walmart објави стратешко партнерство со Microsoft, кој ќе му помогне во развојот на облак технологијата и вештачката интелигенција со цел да се забрза и олесни купувањето во таа компанија друштво, пишува Business Insider.
Двете компании ќе потпишат договор во траење од пет години, а технологијата на Microsoft ќе му помогне на Walmart да држи чекор со електронската трговија на Amazon. Поточно, Walmart сака да се одбрани од малопродажните амбиции на Amazon и да го зајакне своето присуството на интернет.

Имено, самиот факт дека приходите на Amazon се зголемија за 31 отсто минатата година, додека на Walmart беа само три отсто повеќе од 2016 година, покажува колку Amazon расте. Освен тоа, низ минатата декада вредноста на акциите на Walmart се зголемија за 40 отсто, а на Amazon за неверојатни 2.200 проценти.

Но освен овие податоци, она што го поттикна ова партнерство е минатогодишната аквизиција на Amazon-Whole Foods, која ја зголеми тензијата меѓу најголемата светска интернет-продавница и малопродажната заедница. Поради тоа Walmart одлучи на тоа да му стави крај и да ја замени својата постојна инфраструктура со облак технологијата со помош на Microsoft инженерите, кои воодушевено ја почнаа новата соработка.

– Амазонските тензии со малопродажната заедница беа исклучително клучни за постигнување на оваа спогодба – објасни извршниот директор на Microsoft, Сати Надела. Осмото, водечката личност во Microsoft Azureu, Џејсон Зендер, изјави дека Мајкрософт следната година планира да користи тензиите помеѓу малопродажниците и Амазон и да се насочи кон трговијата со интензивна продажба, известува GeekWire.

Интересно е и дека веста за наведеното партнерство се појави само неколку часа откако интернет страница на Amazon престана да функционира и тоа на познатиот Prime Day, односно на првиот ден од големите летни снижувања на цените на компанијата.

За потрошувачите овој договор би можел да биде добра вест, бидејќи на крајот на пазарот би можел да се најде уште еден сериозен играч освен Amazon што би можело да ги предизвика двете компании да ги намалат цените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.