Волстрит доби уште 56 нови милијардери, ама короната им ги изеде парите на Американците

Со самото влегување во 2021 година, поминат е барем „психолошкиот праг“, со мисла дека зад себе сме оставиле тешка, напната и неизвесна година, во секоја смисла.

Годинава што измина за многумина ширум светот беше поразителна. Можеби сепак најтурбулентно беше во САД кој загазија во тешка здравствено – економска криза, додека пред крај на годината бираа и нов претседател.

Растеше бројот на невработени рапидно, а некои претпријатија мораше да затворат откако не им беше дозволено повторно да работат, а таа истата -2020 година – за Волстрит беше многу плодна.

Имено, Њујоршката берза од почетокот на пандемијата доби дури 56 нови милијардери. И тоа се случи од средината на март до 22 декември 2020 и сега Волстрит има 659 луѓе со „девет нули“ на своите сметки.

Нивното комбинирано богатство од почетокот на ширењето на ковид-19 се зголеми за повеќе илјади милијарди долари, пренесува Ен-Би-Си Њуз. Тоа го покажува декемврискиот извештај на кој работеше Институтот за политички студии и организации „Американците за даночна правичност“.

Форбс ги собра овие информации и извести дека милијардерите од Волстрит моментално поседуваат богатство вредно 4 билиони долари, што грубо гледано е двапати поголемо од она што го поседуваат 165 милиони најсиромашни Американци.

Десет најбогати милијардери имаат комбинирано богатство од над билион долари. Тоа се добро познати имиња како што се Џеф Безос (Амазон), Бил Гејтс (Мајкрософт), Илон Маск (Тесла и СпејсИкс), но и Канје Вест и Тајлер Пери. Повеќето нови милијардери се луѓе зад чие богатство стои работење на берза, како што е случајот со Мекензи Скот.

Поранешната сопруга на Безос, која оваа година донираше милијарди долари во добротворни организации, своето богатство го заработи после разводот, но и благодарение на берзата.

Клучен двигател за зголемувањето на нивното богатство беше несекојдневниот одговор на монетарната политика на стабилизација на финансиските пазари во раните денови од пандемиајта, кои поттикнаа раст на берзата.

Кога Волстрит се најде на работ на хаос во март, Федералните резерви се вмешаа – ветувајќи ниски стапки и одржување на ликвидноста.

Пандемијата од коронавирус дополнително ја истакна економско-општествената нееднаквост во САД, а како што пишува Ен-Би-Си, комбинацијата на „лесни“ пари и нагли промени во економските активности – им дадоа неочекуван „ветер во грбот“ на технолошките компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.