Станува збор за 42. тенисерка во моментов во светот, која не беше носител на гренслемот во Лондон, но која одигра беспрекорно и со само два загубени сета во седум меча дојде до драгоцениот пехар и до победничкиот чек во износ од 2,35 милиони фунти. Тоа е речиси идентично на сумата што ја заработи од турнирите во целата досегашна кариера, во која има и финале на Ролан Гарос во 2019 година. Нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека во претходните четири настапи на Вимблдон оствари само една победа.
Вондроушова претходно беше подобра од Свитолина, Пегула, Бозкова, Векиќ, Кудерметова и Стернс. Таа со бодовите од третиот годинешен гренслем че скокне дури 32 места и ќе дојде до десеттата позиција на ВТА-листата.