Вонреден инспекциски надзор во нова нелегална ординација во Струга

Вонредни инспекциски надзори се вршат во Струшката гинеколошка ординација за која постоеше сомнение дека нелегално извршува прегледи, потврдија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Директорката на Инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова потврди за МИА дека надзорот е во тек и најави повеќе детали по неговото завршување.

Инспекторите утрово влегле во дивата гинеколошка ординација со асистенција на полицијата.

Инаку, пред околу еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на Општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација.