Вонреден сервис за 761.000 Хонда возила, се јавил проблем со пумпата за гориво

Компанијата Хонда во во вторник на вонреден сервис ќе повика 761.000 возила ширум светот за да им се замени пумпата за гориво која може да откаже и да предизвика проблеми со моторот.

Повлекувањето вклучува 628.000 возила во САД произведени од 2018 до 2020 година под брендовите Хонда и Акура. Повлекувањето на возилата е од превентивен карактер, затоа што Хонда се уште нема добиено исвештаи за несреќи или повреди поврзани со проблемот.

Повлекувањето се однесува на одредени „Accord“, „Civic“, „CR-V“, „Fit“, „Pilot“, „Ridgeline“, „MDX“, „RDX“ и „TLX“ возила, пренесе Ројтерс.