Вонредна прогноза: Се очекува силен ветер во Македонија

Ветер кој на места ќе надминува и 70 километри на час ќе дува денеска во Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето ќе биде сончево, но посвежо.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 26 степени.