Вонредна состојба во Калифорнија поради пожари, започна евакуација

Во американската сојузна држава Калифорнија од петокот на сила е вонредната состојба поради големите шумски пожари кои проголтале бројни објекти на југот од државата, пренесува AFP и додава дека во тек е евакуација на населението, како и дека илјадници луѓе се без електрична енергија.

Пожарот кој го нарекоа „Садлрлиџ“ (Saddleridge Fire) кој избувна во четвртокот на површина од 1.600 хектари мина преку два автопата и еден меѓудржавен пат и стасал до северните квартови на Лос Анџелес. Споменатите правци се затворени поради густиот чад, а како што јавуваат медиумите, пожарот се проширил сѐ до северните падини на долината Сан Фернандно.

На околу 100 километри источно од Лос Анџеелс избувнал друг пожар со кој се борат околу 200 пожарникари, со помош на хеликоптери. Досега оваа стихија опустошила 74 објекти, потврди противпожарната служба.

Метеоролозите предидуваат дека до петокот вечерта и натаму ќе дуваат жешки ветрови, кои многу придонесуваат за развојотна неповолните и опасни услови за формирање природни непогоди.

На северот од Калифорнија, вклучително и кај Сан Франциско, електричната енергија е исклучена превентивно. Без струја во моментов се околу 300.000 луѓе.

Минатата година во ноември голем шумски пожар го опустоши калифорнискиот град Парадајз. Тогаш животите ги загубија повеќе од 80 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.