Вонредна временска: Спремете се за силно невреме со град

Пороен дожд и грмежи во западна Македонија и скопско
Пороен дожд и грмежи во западна Македонија и скопско

Времето во Македонија денеска ќе биде слично на вчерашниот ден, променливо и нестабилно, е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе биде од 6 до 14 степени, а максималната ќе се движи од 16 до 27 степени Целзиусови.

 

Од петок промена. Не чека стабилизација.