Вонредни исклучувања на струја низ цела Украина

Дефицитот во енергетскиот систем на Украина утринава се зголеми на 27 отсто и низ целата земја во сила се вонредни исклучувања, соопшти компанијата Укренерго.

Зголемувањето на дефицитот се случи поради вонредното исклучување на блокови во неколку електрани, а во исто време потрошувачката на електрична енергија продолжува да се зголемува поради влошувањето на временските услови, јавија локалните медиуми.

Украина се соочува со рестрикции откако руските сили на 10 октомври почнаа да ја напаѓаат инфраструктурата на земјата, главно енергетската.