Вооружени стопирале возило и извршиле претрес

Две маскирани лица со автомобил марка „бмв х5“ го попречиле патот на возило „голф 3“ и извршиле претрес на лицата кои се наоѓале во него.

Со „голфот“ управувал дваесет и тригодишниот Ш.М. а во истиот бил и С.Ј. (25) од скопско Арачиново.

Сторителите излегле од возилото и им го одзеле клучот од возилото, ги извадиле надвор и ги легнале над земја вршејќи претрес во возилото и во облеката, а потоа едно од лицата со пиштолот го удрило Ш.М.  во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди. По извесен период кога лицата констатирале дека се работи за други лица, со своето возило и со одземените клучеви го напуштиле лице местото. Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.