Вооружен грабеж во пошта во Грција одземени околу 230 илјади евра

Три маскирани лица, од кои двајца вооружени со ловечки карабини, рано утрово упаднале во филијала на Грчките пошти во селото Мелики во северна Грција и одзеле околу 230 илјади евра, износ кој најверојатно бил наменет за исплаќање пензии, јави дописничката на МИА од Атина.

Сторителите, според истите Ана-МПА, со оружјето им се заканиле на вработените и побарале да им ги дадат сите пари.

Пред поштата ги чекало друго лице со автомобил и по кражбата, побегнале во непознат правец, а полицијата работи на нивно пронаоѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.