Вооружен охриѓанец извршил кражба во „Македонски пошти“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 14.05.2020 во 12.10 часот во просторија на акционерското друштво ,,Македонски пошти“ на улица „Никола Карев“ во Охрид, пријавениот со закана со остар предмет, од вработените одзел пари од дневниот промет. Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен, а биле пронајдени и парите и користениот предмет. На Д.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје.