Вооружена група во Арачиново ги избркала сите полицајци оти сопреле лице кое управувало возило без валидни документи?!

Зачестија инцидентите со лица нечии синови и полицајци, при што подебелиот крај го извлекуваат полицајците, односно ги суспендираат, си даваат откази поради се поголемиот притисок врз нив и нивната служба. Така во недела е закажан протест пред ОВР Кочани поради суспензијата на четворица полицајци кои професионлано си ја извршувале својата доложност.

До нашата редакција пристигна информација од извори кои сакаа да останат анонимни дека во текот на вчерашниот ден во Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот.

Како што вели нашиот извор „лицето било син на полицаец, а внук на извесен Шенки М. од Арачиново, кој откако бил информиран за настанот, веднаш со неколку други непознати лица сите вооружени се упатиле кон полицискиот пункт“. На полициските службеници од страна на сменоводителот на ПО Арачиново им било дадена наредба веднаш да го напуштат пунктот и да се повлечат кон ПС Гази Баба. Меѓутоа, не чувствувајќи сигурност ниту во ПС Гази Баба, полициските службеници бегаат дома.

„Вооружената група предводена од Шенки М. потоа со оружјето влегле во ПО Арачиново каде упатиле закани кон сите полициски службеници, а телефонски му се заканиле на полицискиот службеник кој го сопрел лицето, внукот на Шенки М., дека ќе го убијат.

Поради страв за сопствениот живот полициските службеници се уште не го пријавуваат кривично-правниот настан“, вели изворот за Нетпресс.

Побаравме одговор од МВР од каде што рекоа дека до централата таков случај не е пријавен, но не замолија да испратиме е-маил, за да проверат дали има пријава во полициските станици. Го чекаме нивниот одговор.

Ќе посетиме дека пред неколку денови имаше инцидент со син на функционер во МВР.

Во инцидент во петокот (25 ноември) попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на СОЗР.

Од МВР тогаш за Телма информирале дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.