Вооружените сили на Белорусија почнаа вежби за борбена готовност! Лукашенко се подготвува за војна?

Вооружените сили на Белорусија почнаа вежби за борбена готовност на сите категории припадници на Армијата. Како што соопшти белоруското Министерство за одбрана, вежбите се одржуваат во согласност со планот за обука.

– Армијата ја почна планираната обука за борбена готовност. Мерките кои се во тек се во согласност со предвидениот план за обука и стекнување вештини на новите регрути – се наведува во соопштението од Министерството.

Како што се наведува, примарните цели на вежбите се унапредување на оперативноста на воените командни центри, унапредување на практичните вештини на командантите, како и обука на кадрите за делување во различни средини.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко претходно повеќе пати повтори дека Белорусија нема потреба за мобилизација. Министерството за одбрана на Белорусија на почетокот на октомври соопшти дека во случај на потреба може да мобилизира 500.000 обучени војници.