Вооружувањето на Србија од Русија и Кина е лудило и закана за мирот во регионот

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај смета дека постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина претставува директна закана за Косово, но и за, како што вели, „кревкиот мир во регионот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку својата страница на Фејсбук порача дека е „лудило“ тоа што Србија продолжува да набавува противвоздушни ракетни системи и друга воена опрема од тие две земји.

– Постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина (панцири, противвоздушни ракетни системи, дронови, итн.) претставува директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и евроатлантските перспективи. Србија треба да престане со тоа лудило пред да биде предоцна, напиша Харадинај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.