(ФОТО) Вооржен маж грабна болничко возило во Осло, има повредени

Полицијата на норвешката престолнина Осло во вторникот трага по вториот напаѓач вмешан во кражбата на возила на брзата помош, со кое се повредени неколку лица во квартот Торшов, пренесува јавниот сервис NRK.

„Вооружен маж грабнал возило на итната помош, побегнал и удрил неколку лица. Сега е обезбеден“, рекол полицискиот портпарол за Reuters. Додал дека полицијата сѐ уште не сака да коментира дали случајот го третира како намерен напад.

Според телевизијата, полициските службеници истрелале неколку куршуми кон возилото на итната брза помош во обидот да го сопрат возилот. Еден од осомничените грабнувачи притоа е полесно повреден.

Меѓу настраданите во инцидентот е дете кое во моментот на судирот се наоѓало во инвалидска количка. Според NRK, младата жртва е хоспитализирана.

Според телевиијата, коај се повикува на полицијата, во моментов е уапсен еден маж. Полицијата ја продолжува потрагата по жена, којашто најверојатно исто така била вклучена во кражбата на амбулантното возило.