Вооружени мажи украле стотици ролни тоалетна хартија во Хонгконг

Група вооружени мажи во еден кварт во Хонгконг украле околу 600 ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 американски долари, а медиумите претпоставуваат дека вооружениот грабеж е последица на недостигот како последица од паничното купување поради епидемијата на коронавирусот.

Групата мажи вооружени со ножеви го ограбила доставувачот на стоки пред супермаркет во квартот Монг Кок, соопшти полицијата, додавајќи дека двајца престапници се уапсени и оти дека од украдената тоалетна хартија е вратена во продавницата, пишуваат медиумите.

Пред продавниците во целиот Хонгконг купувачите чекаат во долги редици додека во нив пристигнуваат нови пратки од различни стоки.

Наведуваат дека ограбувачите му се заканувале на доставувачот кој ја истоварувал тоалетната хартија пред супермаркетот во квартот познат по активностите на тријадите, азиските мафијашки организации.

И покрај уверувањето на хонконшките власти дека епидемијата не влијаела врз редовното снабдување на продавниците со стоки, се купуваат големи резерви тоалетна хартија, но и други продукти и храна како ориз, тестенини и средства за чистење.

Маски за лице и средства за хигиена на рацете речиси е невозможно да се набават, бидејќи жителите настојуваат што шпоефикасно да се заштитат од коронавирусот.

Властите ги обвинија лажните вести на интернет и социјалните мрежи за ширењето на паниката и претераното купување, со напомена дека стоките стасуваат на вообичаениот начин и во вообичаените количества.

Кога станува збор за паничното купување тоалетна хартија, средства за хигиена на рацете и маските, слична е ситуацијата и во Сингапур, каде во моментов има 75 потврдени сличаи на заболени од коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.