Вориорс ја остварија 14-та победа на гости во низа

Шампионите во НБА лигата Голден Стејт Вориорс ноќта кон четвртокот ја забележаа четиринасеттата последователна победа на гости, откако во Чикаго ги совладаат Булст со 119:112.

До победата Вориорс ги водеше Клеј Томпсон со 38 погодоци, а Стеф кари додаде 30 кошови. Кевин Дјурант постигна 19 поени во победата на Голден Стејт кои се изедначија со третата најдолга победничка ница на гости во историајта на НБА, Рекордот го држат Лос Анџелес Лејкерс со 16 гостински победи во сезоната 1971/72.

Најдобар кај Чикаго Булс беше Никола Миротиќ кој натпреварот го заврши со 24 погодоци.

Голден Стејт го надигра Чикаго со 32:12 во третата четвртина за водство од 95:78. Булс се разбудија пред крајот и стасаа на 112:107 по забивањет на Дан на малку помалку од три минути до крајот. Вориорс на тоа одговорите со кошот на Томпсон и „тројката“ на Дјурант. Томпсон притоа погоди и две слободни фрлаа на 17,4 секунди до крајот.

Лос Анџелес Лејкерс не им пружија позначителен отпор на Оклахома Сити Тандерс, кој ги совладаа со 114:90. Клична и во овој дуел беше третата четвртина во којашто Тандерс ги надиграа Лејкерс со 33:18. Покрај тоа Тандерс целосно ги натскокаа Лејкерс со 54 наспроти 30 скокови, од кои 21:6 во нападот.

Кармело Ентони постигна 27 кошови за Тандерс, а Стивен Адамс мечот го заврши со 21 кош и 10 скокови. Расел Вастбрук уфрли 19 поени со 6 скокови и 7 асистенции. Најефикасен кај Лејкер беше Џулиус Рендл со 16 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.