Вориорс одбраната на титулата ја започнаа со пораз, победа на Кливленд

Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ со пораз ја започнаа одбраната на титулата, беа поразени за половина кош од Хјустон Рокетс (121:122), додека Кливленд Кавалирс во првиот натпревар од сезоната постигнаа победа над Бостон Селтикс од 102:99

Голден Стејт, во првиот дуел од сезоната на кој му претходеше свеченоста на шампионските прстена на НБА лигата, имаше можност да победи, но Стеф Кари промаши за „тројка“ на пет секунди пред крајот, а Кевин Дуран шутираше кон кошот но предоцна.

Со „тројката“ на Тревор Ариза две минути до крајот Хјустон дојде во водство од 119:118, а потоа Патрик Меккоу погоди и Голден стејт го презема водството со 120:119. Но Пи Џеј Такер потоа беше прецизен за водството од 122-120.

Ник Јанг кој натпреварот го почна од клупата постинга 6 „тројки“ и мечот го заврши со 23 поени во одличното деби за Вориорс. Кари додаде 22 коша, а Дурант 20. Клеј Томпсон уфрли 16 кошеви. Голден Стејт остнаа без својот најдобар одбранбен играч Драјмонд Грин кој во третата четвртина го повреди коленото.

Крис Пол во својот прв настап за Рокетс постигна четири кошеви, додека најефикасен беше Харден со 27 поени, а Ерик Гордон додаде 24.

Во Источната конференција, Кливленд славеше против Бостон, а Леброн Џејмс постигна 29 поени, од кои 13 во последната четвртина за победата на Кавалирс. Освен тоа, Џејмс му асистираше и на Кевин Лов за клучната „тројка“ со која неговиот тим дојде во водство од 102:98 на 46,3 секунди пред крајот. На Џејмс малку му недостигаше уште на првиот меч во сезоната да забележи „трипл-дабл“, бидејќи покрај 29-те поени имаше и 16 скокови и 9 асистенции.

Кајри Ирвинг, кој ова лето мина во Бостон Селтикс по шесте сезони минати во Кливленд, имаше можност да изедначи но не беше прецизен. Ирвинг мечот го заврши со 22 кошеви за Селтикс кои се обидуваа да го надоместат заостанувањето од 18 поени во третата четвртина. Најефикасен као Бостон беше Џејлен Браун со 24 кошеви.

Мечот го засени тешката повреда на Гордон Хејвард, кој ова лето потпиша четиригодишен договор од 128 милиони долари со Селтикс. Хејвард во првата четвртина лошо доскокна по забивањето и го скрши глуждот.

Кевин Лов додаде 15 кошеви за Кавс, а Дерик Роуз 14 во својот прв настап за новиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.