Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од mRNA вакцинитe почестo од очекуваното

137

Поголем број помлади мажи отколку што било очекувано имале воспаленија на срцевиот мускул по примањето на втората доза од вакцините против Covid-19 направени по новата технологија на информациската РНК (mRNA) на производителите „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“, покажуваат податоците од два система кои ја следат безбедноста на вакцините.

Како што објави американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), оваа агенција и другите здравствени регулатори ја истражуваат појавата на воспаление на срцевиот мускул откако неодамна израелското министерство за здравство објави дека ја открило можната поврзаност меѓу оваа медицинска состојба кај помладите мажи и вакцинирањето со вакцината на „Pfizer“ против коронавирусот.

Агенцијата соопшти дека сѐ уште се истражува можниот ризик и дека сѐ уште не дошла до конечниот заклучок за причинско-последичната врска меѓу вакцината и појавите на миокардитис и перикардитис. Додека за некои пациенти била потребна хоспитализиација, повеќето целосно закрепнале, истакнуваат од CDC.

Повеќе од половината случаи на миокардитиси и перикардитиси во американскиот систем за следење на нуспојавите од вакцините, откако пациентите ја примиле втората доза од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ или на „Modena“, се случиле кај мажите на возаст меѓу 12 и 24 години, велат од CDC. Во оваа возрасна група во САД се аплицирани помалку од 9 отсто од вкупниот број вакцини.

„Тука навистина постои нерамнотежа“, вели др Том Шимабукуро, заменик директор на Центарот за безбедност на имунизациите при CDC, во презентацијата пред Советодавната комисија на американската Управа за храна и лекови (FDA) на состанокот во четвртокот. Повеќето случаи се пријавени во периодот од една седмица по вакцинирањето, додал Шимабукуро.

Пријавени се 283 случаи на воспаление на срцевиот мускул по втората доза кај лицата меѓу 16 и 24 години, а биле очекувани меѓу 10 и 102 случаи во оваа возрасна група, додаваат од CDC.

Шимабукуро истакнал дка системот VSD, уште еден кој ја следи сигурноста на вакцините, утврдил зголемена инциденца на воспаление на срцевиот мускул во возрасната група меѓу 16 и 39 години по втората доза од вакцините mRNA, во споредба со процентот забележан по првата доза.

Израелското министерство за здравство претходно објави дека нашло можна поврзаност на „малиот број“ случаи на миокардитис кај помлади мажи кои ја примиле вакцината на „Pfizer/BioNTech“, речиси единствената која се користеше во масовната имунизација во Израел.

Американскиот CDC најави дека ќе одржи состанок на Советодваната комисија за имунизација следната седмица за дополнителни да бидат анализирани доказите и да се процени ризикот од миокардитис по вакцинирањето со вакцините на база на mRNA против Covid-19.

Од американскиот производител „Pfizer“ соопштија дека ја поддржуваат анализата на CDC, но и истакнаа дека бројката случаи е многу мала, имајќи предвид колку дози од вакцината се употребени. Околу 130 милиони луѓе во САД досега ги примиле двете дози од ена од mRNA вакцините.

Од „Moderna“, пак, објавија дека не востановиле поврзаност меѓу споменатите срцеви состојби и нивната вакцина, но дека „активнот работат“ со претставниците на јавното здравство и регулаторите на натамошна анализа на ова прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.