Вотфорд е првиот четвртфиналист во ФА Купот

Вотофорд е првиот четвртфиналист на годинешново издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, откако во осминафиналниот дуел во петокот го совладаа минимално Квинс Парк Ренџерс.

Заслужен за гостинската победа на Ватфорд беше Етјен Капуе во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Во сабота ќе играат Брајтон и Хоув Албион – Дерби Каунти, Вимблдон – Милвол и Њупорт Каунти – Манчестер Сити, во неделата се натпреварите меѓу Бристол Сити – Вулверхемптон, Донкастер Роверс – Кристал Палас и Свонси Сити – Брентфорд, а во понеделник жќе се соочат Челзи – Манчестер Јунајтед.