Вотфорд приреди сензација – го урна Ливерпул, Челзи се спаси од пораз

Фудбалерите на Вотфорд приредија сензација во саботата победувајќи го во мечот од 28-то коло на англиското првенство Ливепрул со 3:0, прекинувајќи ја серијата на „Редси“ од дури 44 првенствени дуели без пораз.

Херој на големата победа на Вотфорд беше двојниот срелец Исмаил Сар во 54 и 60 минута, а во 72 минута погоди и Трој Дини.

Последен пат Ливепрул беше поразен на 3-ти јануари 2019 година, на гостувањето кај Манчестер Сити со 1:2, а потоа до вечерва не беше поразен на 44 натпревари. Се чинеше дека тимот на Јирген Клоп може да го стаса рекордот на Арсенал од 49 меча без пораз. Меѓутоа, Ливерпул падна на гостувањето кај давеникот Вотвфорд на кој му е важен секој бод во борбата за прволигашкиот статус. Сега побегна од зоната на испаѓање, 17-ти е со 27 бодови.

Со овој пораз Ливепрул ја испушти и можноста да стане првиот клуб во историјата на најелитното англиско клупско натпреварување со 19 последователни победи. Остана на 18, колку оствари и Манчестер Сити во 2017 година.

Навивачите на Ливерпул може да ги утеши фактот што овој пораз нема битно да влијае во борбата за титулата. „Редисите“ во моментов имаат дури 22 бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Вотфорд во последтени осум меча со Ливерпул впиша седум порази и едно реми, а во последните четири натпревари прими 15 голови. Но овојпат како домаќин целосно доминираше и можеше уште поубедливо да слави.

Колку Ливерпул беше немоќен најдобро покаќува податокто дека во првото полувреме неговите играчи упатија само еден удар кон противинчкиот гол, што им се има случено сано еднаш во 172 лигашки натпревари под водство на Јирген Клоп.

Англискиот фудбалски великан Челзи продолжи со разочарувачките резулати и по 28-то коло од Премиер лига, откако во саботата одигра 2:2 кај Борнмут.

Лондонските „Сини“ во последниет пет натпревари во сите натпреварувања впишаа само една победа, а во последните осум само две.

Челзи поведе кај Борнмут во 33 минута со голот на Маркос Алонсо,но домашните во продолжение направија пресврт со головите на Џеферсон Лерма во 54 и Џошуа Кинг во 57 минута. Челзи се спаси од пораз во 85 минута со вториот погодок на Алонсо.

Челзи и покрај слабите резултати е на четвртото место со 45 бодови, четири повеќе од петтиот Манчестер Јунајтед и пет повеќе од шестиот Тотенхем кои имаат меч помалку. Борнмут е 17-ти со 27 бодови, и загрозен е бидејќи во зоната на испаѓање Астон Вила има 25 и Вотфорд 24 бодови, а имаат наптревар за играње.

Вест Хем Јунајтед освои три важни бода во борбата за опстаник, совладувајќи го Саутемптон со 3:1. Стрелци за „Чеканите“ беа Џерод Боуве во 15, Себастијан Халер во 40 и Мајкл Антонио во 54 минута, додека стрелец за гостите беше Мајкл Обафеми во 31 минута.

Кристал Палас со голот на Ајев во 70 минута освои три бода на гостувањето кај Брајтон. Кристал Палас сега има 36 бодови и е 12-ти, додека Брајтон моментално е 15-ти со 28 бодови.

Нукасл Јунајтед и Барнли одиграа без голови, па домаќиините сега имаат 32 бода со кои е на 14-то мести, а Барнли е 9-ти со 38 бодови.

Во петокот последниот Норич со 1:0 го совлада третиот Лестер, а во недела играат Евертон – Манчестер Јунајтед и Тотенхме – Вулверхемптон.