Воведувањето прогресивен данок нема да го даде најавениот ефект

Мерките што ги донесе Владата за воведување прогресивен данок, што треба да се имплементира од 1-ви јануари 2019 година, воопшто нема да го дадат саканиот ефект во поглед на подобрувањето на социјалната еднаквост во земјата, напротив ќе ја намали продуктивноста и вработливоста, сметаат од  Американската стопанска комора во Македонија.

Имено, Владата воведува данок на примања над 90 илјади а исто така реформата предвидува и данок од 15 отсто на капиталните добивки наместо актуелните 10 отсто, додека новопредложениот данок на камати од депозити засега се одложува од 2020 година.

По најавата на Владата за воведување на прогресивниот данок голем дел од експертската јавност, бизнис секторот и стопанските комори беа против ваквата реформа поради негативните ефекти кои ќе ги предизвика и на онака слабата македонска економија но Владата остана глува на нивните сугестии.

Американската стопанска комора која е претставник на ставовите и мислењата на повеќе од 125 најголеми и најиноватнивни компании во Македонија излезе со коментари и негативни оцени за прогресивното оданочување. Така, според нив, преложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост но исто така ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и  развојот на висококвалификувани кадри.

Натаму, тие сметаат дека предложените мерки додатно ќе ја намалат даночната послушност со што ќе се зголемува сивата економија. Всушност во своето објаснување велат дека ќе се зголемува даночното затајување бидејќи населението ќе нема доверба во институциите на системот и ќе има низок степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибираните средства се користат со што  зголемувањето на даноците дополнително ќе допринесе за изнаоѓање на нови креативни начини за даночна евазија.

Дополнително, сметаат дека ваквите мерки само ќе имаат негативен ефект врз растот на македонската економија и тоа поради одлив на капитал и намалени инвестиции, одлив на мозоци и дестимулација на иновативните „смарт“ индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата.

Како и голем дел од стопанските комори АмЧам смета дека моментално не е погодно време за воведување на прогресивен данок  на личниот доход особено во формата во кој што Владата го предвидува.

Владата предводена од СДСМ, Владата пред да дојде на власт ветуваше дека ќе има дебата по сите битни реформи кои ќе ги спроведува, а кои имаат директен ефект и врз граѓаните, економијата и бизнисот. Меѓитоа, очигледно е дека сега власта ги игнорира предупредувањата од експертите и советите дадени од стручните институции и организации во земјата. Многумина од нива оценуваат, имено, дека со прогресивниот данок ќе биде опфатено само 1 отсто од вкупното население, а предвидено е да се соберат околу 25 милиони евра во Буџетот, што, според експертите, не е ни приближно голема сума потребна за справувањето со сиромаштијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.