Воз два пати удрил во камења кај Слепче

Воз бил оштетен откако удрил во камења поставени на пруга, вчера кај Слепче, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 14 часот на делот од пругата помеѓу железничкото стојалиште „Браилово“ и железничкото стојалиште „Слепче“.

Тогаш патнички воз кој сообраќал на релација Битола- Скопје удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица. Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.

Потоа истиот ден околу 19,05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје- Битола, удрил во камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета