Воз излета од шините во БиХ

Патничкиот воз „Талго“, што сообраќа на релација од Чапљина кон Сараево, ноќта во неделата околи 19,30 часот излета од шините во местото Шурманци, на неколку километри северно од Чапљина во југозападниот дел на Босна и Херцегоина.

Причина за несреќата е одрон на карпа на пругата, при што локомотивата и два вагона излетале од шините, лизгајќи се до самито корито на реката Неретва, информира Оперативниот центар на Федералната управа за цивилна заштита.

Во несреќата е повреден машиновозачот, кој бил префрлен во Универзитетска клиника во Мостар. Меѓу патниците нема повредени и тие биле префрлени со други превозни средства до крајната дестинација.

Железничкиот сообраќај е во прекин, а блокиран е и локалниот пат од Шурманци до Чапљина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.