Воз прегази луѓе кои спиеле на шини во Грција

Рано утринава тројца мигранти кои спиеле на шини, биле прегазени од воз кој сообраќал од Драма кон Солун, во близина на градот Кавала, пренесуваат медиумите од соседството.

Надлежните органи соопштија за оваа несреќа, а според нивните информации, настраданите се илегални мигранти.