Воз прегази маж кај Бардовци

Во близина на реката Лепенец, во атарот на селото Бардовци, утрово во 8.30 часот воз  удрил во засега непознато машко лице, кое веднаш починало на местото на настанот. Возот сообраќај на релација Кичево – Скопје. Според првични, неофицијални информации, се работи за лице на возраст меѓу 50 до 60 години.

Во моментот се врши увид и утврдување на идентитетот на починатото лице.