Воз прегази татко и син од Авганистан

На железничката пруга Скопје-Гевгелија кај местото викано  „Јаворица“, товарен воз удрил во Авганистанец на возраст од 20-25 години и во неговиот малолетен син, кои заедно со поголема група авганистански државјани нелегално влегле во РМакедонија.

МВР соопшти дека во незгодата на самото место починале двете лица.

Пред неколку дена, на ист начин животот го загубија и двајца Сиријци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.