Воз удри во автомобил кај Ногаевци

Железничка несреќа се случи денеска попладне околу 12 часот кај велешкото село Ногаевци. Товарен воз удри во автомобил, дознава КУРИР.

-Денес во 12:10 часот помеѓу ЖС- Згрополци и ЖС- Градско поточно на патниот премин кој е обележан со светлосно и звучна сигнализација кај стојалиште Ногаевци случена е железничка незгода, помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Трубарево-Градско и патничко моторно возило Форд Галакси со велешки регистарски ознаки. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин од 12:10 часот се до завршување на увидот, информираат за КУРИР од МВР.

Засега нема официјални информации за повредени или загинати патници. Наскоро подетални информации за причините кои довеле до оваа несреќа.