Воз удри во мигрант од Авганистан

Вчера во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан.

Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино.