Воз удрил во поставени камења на пруга

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 09.36 часот веднаш по тргнувањето на возот од железничката станица во Прилеп.

– Повредени патници нема и не е предизвикана материјална штета. Во 09.48 часот возот продолжил да се движи кон железничката станица Битола, наведуваат од МВР.