Воз усмрти мигрант во Грција

Воз што сообраќал на релација Александруполи – Орменио во североисточниот дел на Грција, удрил и усмртил мигрант кој спиел на пругата, а неговиот пријател успеал навреме да побегне, објавија локалните медиуми.
Според истите информации, веројатно станува збор за мигранти од Ирак кои преку Еврос влегле во Грција од Турција и следејќи ја железничката пруга имале намера да стигнат во внатрешноста на земјата.
Машиновозачот бил приведен, а подоцна ослободен.