Возач избега откако усмрти пешак на патот Велес-Градско

Засега неидентификуван возач побегнал од местото на настанот откако во понеделнкот квечерината  усмртил пешака на магистралниот пат Велес – Градско.

Триесет и тригодишниот Д.В. го загуби животот откако вчера околу 18 часот во него удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на регионалниот пат Велес-Градско, а во пешакот  удрил непознато лице со непознат автомобил, кое по несреќата избегало.

Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.  По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.