Возач со автомобил излетал од пат, пренесен во болница со тешки повреди

На 07.02.2021 во 23,50 часот на регионалниот пат с.Прдејци-с.Смоквица, К.А.(22) од с.Негорци, гевгелиско управувајќи патничко моторно возило “голф 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, излетал од патот.

По незгодата, К.А. бил пренесен во Општата болница- Гевгелија, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гевгелија.