Возач тешко повреден кај беровско Мачево

На 22.03.2023 околу 23.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, беровско, во с.Манчево, беровско, патничко возило „фолксваген туран“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(58) од с.Будинарци, беровско излетало од патот, информира МВР.

По несреќата, С.Л. бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.