Возач тешко повреден при излетување од патот во делчевско

Во четвртокот околу 11,55 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Делчево, кај селото Очипала, делчевско, товарно возило „пежо“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.Ц. од Делчево, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот С.Ц. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички центар Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево.