Возач тешко повреден во излетување во прилепско

Возрасен маж е повреден во понеделникот кога со својота автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат меѓу прилепско Витолиште ка влезот селото Штавица,

Во СВР Битола вчера малку по 14 часот било јавено дека на споменатиот патен правец дека на автомобил „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Џ.М. од Прилеп, удрило во метален заштитен браник на коловозот и излетало од коловозот, информираат од МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.