Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ 530“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.В.(27) од Скопје и патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(58) од Скопје се случила вчера попладне на улицата „Благоја Стефковски“.

-Во незгодата Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.