Возач удрил во велосипедист и избегал

На полноќ во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ бил донесен Б.П.(24) од Скопје со повреди здобиени од сообраќајна незгода.

Имено на 07.08.2020 околу 22,15 часот Б.П. додека со велосипед движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило управуван од засега непознат возач кој по незгодата го напуштил местото на настанот. На повредениот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.