Возач во Хрватска доби казна од 10.000 евра

Возач во Хрватска (52 години) е казнет со нешто повеќе од 10 илјади евра (76 илјади куни) и забрана за возење од две години, бидејќи во вторникот во Осиек предизвикал судир, одбил да сопре на барање на полицијата, и минал на црвено светло на семафор, а возел иако дозволата му била привремено одземена.

Полицијата на Осиек во средата соопшти дека уапсила 52-годишник кој со неприлагодена брзина, со 2,8 промили алкохол во крвта околу 20:45 часот удрил во паркиран автомобил и продолжил да вози и покрај барањето на полицијата да сопре.

На крстосница минал низ црвено светло за подоцна сепак да застане, пишува Индекс.

За сите наведени сообраќајни прекршоци предвидена му е парична казна од 76.000 куни и забрана за возење од две години, како и 24 негативни бода, соопшти хрватската полиција.